КК„Шампион“ на натпревар во Власотинце

Изминатиот   викенд во Власотинце, Република Србија свој настап имаа и каратистите од карате клубот ,,Шампион“ од Крива Паланка. На натпреварот  учествуваа преку 500 натпреварувачи, а учество земаа  и 13 наши каратисти кои ги освоиија следните резултати:

1.Спасовска Марија –прво место во борби во категорија девојчиња род.1998 год. и прогласена за најдбра натпреварувачка  на турнирот

2.Димитријевски Христијан-прво место борби и прво место кати за деца род. 2000 и 2001 год.

3.Додевски Наум –прво место кати за деца род.2003 год.

4.Алексовски Петар –трето место борби за деца род. 2002-2003 год.

5.Стојановски Сергеј-трето место кати за деца род 2005 год.

6.Станојковска Александра-прво место борби девојчиња род . 1995 +55 кг.

7.Екипно машката екипа во кадетска конкуренција -2 место  борби

Следно натпреварување е наградниот турнир во Велес  на 16 април 2011 год.

 

Големина на фонт
Контраст