Гимназијалците ќе спелуваат пред Мировниот корпус

Десет средношколци од Гимназијата Ѓорче Петров од Крива Паланка се избрани да учествуваат на Државниот натпревар во спелување на англиски јазик, кој во организација на Мировниот корпус на САД во Македонија ќе се одржи на 15 мај во Скопје. Овие ученици се избрани како најуспешни на гимназискиот натпревар, а кои, според критериумите на Мировниот корпус, не направиле ниту една грешка во спелувањето на англиските зборови.

Натпреварот е организиран од страна на претставникот на Мировниот корпус во Крива Паланка, Линда Рејнолдс и професорката по англиски јазик во кривопаланечката гимназија Кристина Антовска.

-На Државниот натпревар учествуваат само оние ученици, кои нема да направат ниту една грешка во спелувањето, додека сите други се елиминираат. Од 50 пријавени, 10 ученици го исполнија овој услов. Целта на  натпреварот, кој за првпат се организира во Крива Паланка, а по вторпат на државно ниво,  е унапредување на знаењето и користењето на англискиот јазик, истакнува Антовска.  

 

Извор: Дневник