Успешно реализирана акцијата „Ден на дрвото“

Вчера во Општина Крива Паланка, по седми пат успешно беше реализирана акцијата Ден на дрвото. На 5 урбани локации беа засадени 300 брези и 300 дуглазии, додека во атарот на село Градец  со овогодинешната пролетна акција се засадени вкупно 100 000 садници од баргрем и бор на површина од 20 хектари. Во акцијата активно учествуваа 3000 ученици,  работници и дуги љубители и подржувачи на акцијата Денот на дрвото- да ја засадиме својата иднина.

Спроведувањето на акцијата го следеше заменик министерот во Министерството за информатичко општество д-р Мирјана Секуловска, која  го изрази своето задоволство што по втор пат е  во Општина Крива Паланка. Задоволството  e  дотолку поголемо заради  прилката да се сади заедно со учениците и наставниците од ПООУ „Илинден“ од с. Конопница што воедно беше и добра можност да им се честита за освоеното  прво место на национално ниво, а потоа и  гран-при награда на европскиот натпревар во организација на Мајкрософт  со проектот Бабини игри, како и за освоентот  првото место од Интел, што го освои ООУ „Илинден“ на национално ниво  за примена на новите технологии во спроведување на наставата.

Потоа,  градоначалникот г-дин Арсенчо Алексовски и општинските преставници во централната и локалната власт го посетија локалитетот за масовно пошумување во селото Градец.

Претседателот на клубот на денот на дрвото  Стојанче Величковски особено се заблагодарува на раководителот и  сите вработени во Подрачната единаца на шумското стопанство – Крива Паланка за несебичната подршка на акцијата, припремините активности на теренот и обезбедените садници, на општинскиот координатор за добрата координација на сите субјети во општината како и на сите граѓани и правни субјекти кои учествуваа во засадувањето.

(Повеќе фотографии во делот на фотогалерија)

 

Клуб „Ден на дрвото“
Крива Паланка