Ден на дрвото – пролет 2011

Се известуваат граѓаните на општина Крива Паланка дека Акцијата „Ден на дрвото – пролет 2011“ ќе се реализира на ден 31 март, 2011 година (четврток) со пошумување на локација во с.Градец. Автобусите поаѓаат од нас.Лозаново (кај кошот) во 8 часот и ќе ротираат на секои 30 минути до 12 часот. 

Учениците од I до VI одделение ќе бидат ангажирани во активности за еколошко уредување и засадување на шумски садници во училишниот двор.Учениците од VII и VIII одделение од ООУ „Јоаким Крчовски“ ќе пошумуваат на локација на м.в. Метереолошка, а учениците од VII и VIII одделение од ООУ „Илинден“ ќе пошумуваат на локација на м.в. Болничка ливада.Место за тргнување до локациите за пошумување се училишните дворови во 8 часот.

Контакт: Стојанче Величковски, претседател на  клубот  „Ден на дрвото“ во Крива Паланка, тел. 070 321 234

Бранко Велиновски, Општина Крива Паланка,тел. 031 372 130

Големина на фонт
Контраст