Амбасадорот на Босна и Херцеговина во посета на општина Крива Паланка

Вчера, Градоначалникот на општина Крива Паланка, Арсенчо Алексовски оствари протоколарна средба со амбасадор на Босна и Херцеговина во Р.Македонија, Н.Е. Милан Балабан.

За време на средбата градоначалникот Алексовски го запозна амбасадорот со можностите кои ги нуди Општината од областа на културата и економскиот развој, а исто така се разговареше и за збратимување на град од БиХ  со Крива Паланка.

Амбасадорот ги пренесе нивноте искуствата во областа на културата, уметноста, вајарството каде скулптурите  кои се изработени за време на колонијата потоа да се постават на одредени локации во градот. Се разговараше и за учество  на гости од БиХ на Меѓународниот фолклорниот  фестивал и Меѓународниот театарскиот фестивал „Св.Јоаким Осоговски“.

Во рамките на средбата беше остварена посета на манастирот Св.Јоаким Осоговски.