Гранд при награда за Бабините игри

Авторите на проектот Марина Василева од ОУ „Св.Кирил и Методиј“ од општина Центар, Скопје и Добри Јовевски од ПООУ „Илинден“  с. Конопница Крива Паланка кои учествуваа на Европскиот форум за иновативни наставници кој се одржа во Москва, Русија ја добија Гранд при наградата со проектот Бабини игри. 

На 8-иот Европски форум на иновативни наставници, организиран од програмата на Microsoft „Партнери во учењето“ присуствуваа над 300 наставници, судии и други професионалци поврзани со процесот на образованието од повеќе од 40 европски земји. Победниците од националните првенства ги претсавуваа своите проекти и од нив беа избрани 6 победници (меѓу кои и претставниците од Македонија) и уште на 18 други им беше доделено признание за напорите за воведување на технолошките достигнувања во наставниот процес. Сите 24 ќе учествуваат и на Светскиот форум на иновативни наставници кои ќе се одржи во ноември оваа година во Вашингтон, САД. 

Проектот Бабините игри е интегриран со компјутерот преку едукативните алатки на Микрософт што овозможува нет-генерацијата да ја покаже својата инвентивност и креативност преку обновување и ширење на традиционаните обележја на земјата. Голем придонес за успешноста на интегрирање на Информатичката технологија во наставниот процес има УСАИД-ПЕП (Проектот за основно образование).

Училишта и наставцници кои беа вклучени во проектот се:

ПООУ „Илинден“ с.Конопница Крива Паланка наставници: Добри Јовевски, Живка Стоилковска и Јасминка Станковска;

ОУ„Свети Кирил и Методиј“ Општина Центар Скопје, наставници Марина Василева, Вилма Попович, Бојана Бачовска и Жанета Шумковска

ОУ„Живко Брајковски“ Бутел, Скопје, наставник Фатиме Алии,

ОУ„Браќа Рибар“ с.Табановце Куманово, психолог Виолета Ристовска

ОУ„Дитуриа“ Сарај- Скопје,  наставник Џевџет Фејзула

и Вера Панковска Советник во Биро за образование Куманово.

Дизајнот на промотивниот материјал со кој се претставивме во Москва е на Стојанче Величковски. 

 

Големина на фонт
Контраст