Успех во ИПА Програмата за прекугранична соработка

Во рамките на ИПА Програма за прекугранична соработка, Oпштина Крива Паланка доби известување дека проектот  „Под едно небо“ е прифатен за финансирање. Проектот опфаќа изградба на локален пат до испосницата на Св.Јоаким Осоговски во с.Градец како и партерно уредување на испосницата, истражување и промоција на сакралното наследство во пограничниот регион и имплементација на ГИС (географски информационен систем за сакралното наследство).

Проектот со вредност од 296.594 евра е работен со Општина Дупница како партнер.

Известување до Општина Крива Паланка