Подобрување на пристапноста до информациите од јавен карактер за лицата со попреченост

Општина Крива Паланка во насока на подобрување на пристапноста до информациите од јавен карактер  за лицата со попреченост воведе модул за веб пристапност на официјалната страна на општината www.krivapalanka.gov.mk.  Оваа активност се реализира во соработка со Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ од Куманово во рамките на проектот  „Јавни информации достапни за лицата со попреченост“.

Модулот содржи алатки за промена на големината на фонтот, прилагодување на бојата на контрастот и на линковите во зависност од потребите на корисниците како и исклучување на анимациите кои кај одредени лица може да предизвикат фотоепилептични напади.  

Општина Крива Паланка ќе продолжи и понатаму во насока на исполнување на начелата  кои се опфатени во водичот за пристапност на веб содржини, објавен од Иницијативата за веб пристапност (WAI) на Конзорциумот  W3C, а со цел обезбедување задоволителен пристап за лицата со инвалидност кои користат помошни технологии за работа со компјутери и интернет.

Модул за пристапност на веб страната на општината

Големина на фонт
Контраст