Покана за учество во манифестацијата „Велигденска традиција” 2018

Приближува големиот верски празник ВЕЛИГДЕН, кој ги поврзува минатото и сегашноста и ја сплотува традицијата и младоста.  Да ја зачуваме и продолжиме традициjата понатаму, Општина Крива Паланка заедно со ЛУ Градски Музеј – Крива Паланка традиционално по петти  пат ја  организираат манифестација: “Велигденска традиција” која ќе се одржи на ден 09.04.2018 г. (понеделник) во 12:00 часот – втор ден Велигден во дворот на ЛУ Градски Музеј – Крива Паланка.

Ве покануваме и Вие да земете учество во манифестацијата „ВЕЛИГДЕНСКА ТРАДИЦИЈА 2018“ на  ден  9.04.2018г. (понеделник ) во 12:00 часот со ваши лични или колективни (групни) изработки. Манифестацијата е од натпреварувачки карактер. Ќе бидат изберени најдобрите во четири категории:

Најубаво велигденско јајце

(I, II и III место)

Најубава велигденска рачнo изработена декорација

(I, II и III место)

Награда за групно учество

(I, II и III место)

Натпревар во најцврсто јајце

Пријавување во просториите на ЛУ Градски Музеј-Крива Паланка секој работен ден од 08 до 16 часот, лице за контакт: Наталија Милковска (071 353 045), e-mail: [email protected] или на денот на манифестацијата до 11:00ч.

За сите информации околу манифестацијата може да се информирате и на ФБ страните:  Gradski muzej, Gradski Muzej Kriva Palanka и Култура општина Крива Паланка.

Сите изработки  треба да  бидат означени со ваша шифра која ќе си ја изберете. Изборот на горе наведените категории на награди го прави однапред формирана тричлена жири-комисија.

   *Сите велигденски изработки ќе бидат продавани по симболична цена за хуманитарни цели.

 

Големина на фонт
Контраст