Подготовки за џип релито „Калин Камен 2011“

На ден 17.03.2011г. Комисијата за организирање на спортската манифестација Џип рели „Калин Камен“ го одржа првиот координативен состанок на кој беа договорени претстојните активности околу организирањето на овој спортски настан.

Општина Крива Паланка и Авто мото клубот ОФФ РОАД ОСОГОВО од Крива Паланка по трет пат оваа година ќе го организираат овој несекојдневен и многу успешен настан во духот на спортот, дружењето, промоција на убавините на Осоговието и на туристичките можности на регионот.

Џип релито Калин Камен 2011 ќе се одржи на 24.05.2011 во чест на сесловенските просветители Св.Кирил и Методиј.

 

 

Џип рели „Калин Камен 2010“