Прва награда за иновативни наставници

Подрачното општинско основно училиште „Илинден“ с.Конопница Крива Паланка во соработка со уште 4 основни училишта од Македонија ја освоија првата награда на Вториот државен конкурс Микрософт форум на иновативни наставници (Microsoft Innovative Educators Forum) организиран од страна на Микрософт “Партнери во учењето” во соработка со УСАИД – ПЕП (Проект на основно образование).

 

Проектот кој беше награден е Бабините игри и има за цел да ги надмине негативните страни на сајбер игрите со креативно користење на технологијата и развивање на електронски прирачник за оживување на детските бабини игри. При тоа да се согледа значењето на играта како форма за сестран развој на личноста низ изучување на правилата на бабините игри од различни региони, давајќи акцент на психичкиот, интелектуалниот, емоционалниот и социјалниот развој на учениците градејки комуникациски мост помеѓу ученици од различни региони.

 

Овој проект ќе ја претставува Република Македонија на Европскиот натпревар за иновативни наставници кои ќе се одржи во Москва од 21 до 25 март 2011 година.

Училишта и наставцници кои беа вклучени во проектот се:

ПООУ „Илинден“ с.Конопница Крива Паланка наставници: Добри Јовевски, Живка Стоилковска и Јасминка Станковска;

ОУ„Свети Кирил и Методиј“ Општина Центар Скопје, наставници Марина Василева, Вилма Попович, Бојана Бачовска и Жанета Шумковска

ОУ„Живко Брајковски“ Бутел, Скопје, наставник Фатиме Алии

ОУ„Браќа Рибар“ с.Табановце Куманово, психолог Виолета Ристовска

ОУ„Дитуриа“ Сарај- Скопје,  наставник Џевџет Фејзула

и Вера Панковска Советник во Биро за образование Куманово.

Дизајнот на промотивниот материјал со кој ќе се претставиме во Москва е на Стојанче Величковски.