Вукашин Јовановиќ со златен медал од „Никон опен“

Карате клубот „Шампион“ од Крива Паланка учествуваше на Меѓународниот турнир „Никон опен“ во Софија, Бугарија,  на кој земаа учество 16 земји со над 1100 натпреварувачи. КК „Шампион“ учествуваше со  6 натпреварувачи, а најдобриот беше Вукашин Јовановиќ кој освои златен медал во категорија деца до 12 години, до 35 килограми, со вкупно пет победи.