Поклонение во чест на Св.Теодор Тирон

На ден 13.03.2011 г. се одржа манифестацијата ,,Поклонение на Св.Теодор Тирон“ во дворот на истоимената црква во с.Конопница.На црковниот ритуал, оваа година учествуваа четири невести со нивните свекрви, облечени во автентични народни носии од овој регион, кои се поклонија на Св.Теодор Тирон, кој е заштитник на младенците, породот, родот и реколтата. Поклонението се негувало уште од  основањето на црквата во селото Конопница, во 19 век.

 

На овој општонароден собир присуствува голем број на посетители од месноста и пошироко. Во име  на организаторите, гарадоначалникот на општина Крива Паланка, господин Арсенчо Алексовски им се заблагодари на учесниците и на сите присутни на оваа церемонија за нивниот допринос во оджувањето на културните и традиционалните вредности на општината и пошироко.

Повеќе фотографии од манифестацијата можете да видите во делот Фотогалерија

Големина на фонт
Контраст