СРЕЌЕН 8-ми МАРТ

Почитувани,

На сите жени во општина Крива Паланка, им го честитам  Меѓународниот ден на жените 8-ми Март и им посакувам добро здравје, среќа, успех и поголемо вградување и учество во активностите на општината и државата, како би придонеле нашата држава да биде уште поубава и побогата земја за идните генерации.

Им посакувам на сите жени празникот да го поминат во убаво расположение.

Со почит,

Градоначалник
Арсенчо Алексовски