Гостите на манифестацијата „Невестинско поклонение“ во посета на ЛУ Градски музеј Крива Паланка

Во рамките  на манифестацијата „Невестинско поклонение“ во просториите на ЛУ Градски музеј, за официјалниот дел од гостите беше организирана и кратка презентација на проектите: ПОСТОЈАНА ЕТНОЛОШКА ПОСТАВКА – Реконцепција, со реконструкција и адаптација I, II и III и ПОСТОЈАНА ИСТОРИСКА ПОСТАВКА –  Реконцепција, со реконструкција и адаптација I и II со чијашто реализација оваа година се очекува да финишираат работите на осовременување на презнетацијата на поставките преку примена на новите аудио и видео технологии.

На презентацијата присуствуваа амбасадорот на Шпанија во РМ, Емилио Лоренцо Сера, постојанито претставник на УНДП во Македонија, Лујза Винтон, министерот  за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот кумановски и осоговски г. д-р Јосиф, Тодорче Тасевски, шеф на кабинетот на министерот за култура на РМ, претставници од амбасадата на Романија во Македонија, градоначалниците на Крива Паланка, Ранковце и Старо Нагоричане, претседателките на општинските совети на Крива Паланка и Куманово, и други гости од јавниот и кулутрен живот во градот.

Пред прусутните, директорот на музејот направи и краток осврт  на работата на ЛУ Градски музеј – Крива Паланка, на периодот на неговото основање, приодот во реализација на идејата и предизвиците со кои беше исправен музејот.

Во Галерискиот простор на музејот беше посетена и изложбата: СИТЕ БОИ НЕ ЏЕЗОТ II – која музејот ја организираше во соработка со здружението Центар за аудио визуелни уметности – Крива Паланка во рамките на Новиот културен бран, изложба на која се преставени делата на пет  имиња на уметноста и културата на Крива Паланка: Роберт Цветковски-академски сликар, Ѓорѓи Костовски -фотограф, Кирила Цветковска- фотограф, Стојанче Величковски- дизајнер и Стефан Јакимовски –  академски сликар.