Градоначалникот Алексовски во посета на Р.Словенија

Градоначалникот Арсенчо Алексовски од 7 до 11 март е во работна посета на регионот „Срцето на Словенија“ (Литија, Р.Словенија). Посетата е во рамките на проектот „Придобивки од проширувањето на Европската унија за регионалниот развој“ кој Центарот за развој на Североисточниот плански регион го спроведува заедно со Центарот Литија, Република Словенија од јануари 2011. Проектот е во рамките на Програмата „Европа на граѓаните“, а е кофинасиран од Европската комисија.