Изложба на 44 најрепрезентатвни дела на светски познатиот карикатурист Дарко Дрљевиќ

Во чест на почесниот претседател на жири комисијата на Меѓународниот конкурс за карикатура (МКК),  Дарко Дрљевиќ, aвторот и организатор на четвртиот Меѓународен конкурс за карикатура „Невестинско Поклонение“, Стојанче Величковски организира ИЗЛОЖБА на 44 најрепрезентатвни дела на светски познатиот карикатурист од Црна Гора – ДАРКО ДРЉЕВИЌ. 

Изложбата свечено ќе биде отворена на 13.02.2018 во 19 часот во галерискиот простор на Кинотека на Македонија.

Кратка пригодна беседа за настанот ќе одржи г.Гоце Ристовски декан на Факултетот за театарски уметности при Универзитетот за визуелни уметности. Модератор на настанот ќе биде проф др. Мимоза Раил. Изложбата ќе биде збогатена со избор на дела од последниот конкурс за карикатура од МКК „Невестинско Поклонение”, на кој што токму Дарко Дрљевиќ го освои трофејот „Невестулка“ што свечено ќе му биде врачен во оваа пригода.
Во исто време пред присутните и пред медиумите ќе бидат соопштени резултатите од четвртиот МКК „Невестинско Поклонение“ на кој пристигнаа 430 карикатури од повеќе од 40 земји од светот.

Посебно ги охрабруваме сите заинтересирани снаи и свекрви кои што сакаат да бидат дел од културната манифестација „Невестинско поклонение“, која ќе се одржи на 25-ти февруари во село Конопница – Крива Паланка, да го пријават своето учество кај идејниот трворец на манифестацијата Стојанче Величковски (070/321-234) или во Одделението за јавни дејности, економски развој и информатичка технологија при Општина Крива Паланка  (031/372-130).

Големина на фонт
Контраст