Активност на Општината во делот на социјалната заштита

Сојузот на дефектолози на Република Македонија започна со резализација на проектот “Симулатно јакнење на општинските капацитети и граѓанскиот удел во функција на поквалитетна кооперативност”.

Општина Крива Паланка се согласи да биде дел од проектот и да учествува во неговата имплементација. Глобална цел на овој проект е истовремено оспособување на општинската администрација за поквалитетен јавен сервис во социјалната и образовната сфера за лица со посебни потреби и упатување на граѓаните кон формирање на организирани форми на дејствување во функција на соодветно сопствено застапување и лобирање  за своите интереси.

Главна задача на проектот е зголемување на степенот на комуникација помеѓу локалната власт (општинската администрација и советниците) и застапниците на лицата со посебни потреби (со организирани форми на дејствување).

Целна група во овој проект се административните работници кој се одговорни за социјалната и образовната сфера на дејствување на локално ниво.

Корисници на проектните активности се лица со посебни потреби, родителите на децата со посебни потреби, претставници на граѓански  здруженија чиј интерес се лицата со посебни потреби,претставници на воспитно-образовните установи.

За реализација на предвидените активности, подршката од Општина Крива Паланка ќе се движи во насока на:

-одредување на општински претставник,од областа на социјалната заштита и образованието, кој ќе биде директен соработник при спроведување  на проектот;

-заедничка анализа на програмата за 2011 година која се однесува на социјалната заштита и образованието на Општина Крива Паланка,со цел советување за начинот на вклучување на лицата со посебни потреби во истата;

-поддршка при теренска активност на стручните лица во  кои ќе бидат ангажирани во општината со цел обезбедување на пристап до информации за дневните центри, предучилишните и училишните установи како и граѓанските здруженија во општината;

-поддршка при реализација на настани од јавен карактер,кои се предвидени за реализација(присуство на обуки на општинската администрација и обезбедување на простор  за работилници);

-реализација на средба со родителите на деца со посебни потреби,а со цел подготовка на годишна програма за 2012 година за споменатите области.

Како плод на меѓусебната соработка ќе биде изготвен прирачник,кој ќе биде водич за многу идни програмски реализирања на општинските активности кои ги засегаат корисниците на овој проект.

Проектот е во рамки на програмата CIVIKA MOBILITAS која ја спроведува центарот за институционален развој ЦИРА и е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка,претставувана од Канцеларијата за соработка во Македонија. Носител на овој проект е Сојузот на дефектолози на Република Македонија.

Големина на фонт
Контраст