Втора работилница „Од идеја до бизнис“

На 23 и 24.02.2011 во просториите на Општина Крива Паланка се оддржа втората работилница насловена како „Од идеја до бизнис во рамките на проектот „Поддршка на развојот на туризмот преку спроведување на обуки за старт-ап бизниси , имплементиран од страна на општината, а ко-финансиран од Министерството за економија на Р.Македонија. Обуките ги спроведува консултантската куќа Балкан Девелопмент Солутионс.

 

Дваесетте учесници,  припадници на локалната заедница од општината, имаа можност низ дводневната работилница да се запознааат со тајните на креирањето на бизнис-план за започнување на сопствен бизнис, пренесени на извонреден начин од страна на м-р Игор Андреев, асистент на Економскиот факултет во Прилеп.

Низ работилниците беа диференцирани три најинтересни бизнис  теми, како дефицитарни во општината и со голем потенцијал -игротека, производство на еко храна и развој на планински туризам. 

     
     

 

 

Големина на фонт
Контраст