Нова сигнализација на повеќе улици

Општина Крива Паланка и годинава ќе продолжи со поставување на вертикална и хоризонтална сигнализација на улиците, пред се, на главната сообраќајница „Св. Јоаким Осоговски“  и новиот крак на истата улица, на која е предвидено и нанесување нов слој асфалт.

Во втората фаза ќе се изврши поставување на преостанатите технички средства за забавување на сообраќајот „лежечки полицајци“ пред воспитно-образовните установи, колективните згради пред населбата „Единство“ и кај спортско-рекреативниот центар.

 

Во третата фаза ќе се поставуватт вертикална и хоризонтална сигнализација на споредните улици 8 Октомври, 17 Македонска ударна бригада и Проф. д-р Наско Тамбурков. За оваа активност се предвидени средства во висина од околу 2 милиона денари кои ќе се обезбедат од општинскиот буџет за 2011 година, Агенцијата за државни патишта, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и други донатори.

 
Извор: Дневник