Училишен спорт во Крива Паланка

На ден 12.02.2011 г. (сабота)  со почеток во 10.30 ч. во спортската сала во ОУ „Илинден“ се организира зонски натпревар-одбојка во машка и женска конкуренција.Општина Крива Паланка е домаќин на овој спортски настан на кој право на учество имаат училиштата од Куманово, Кратово, Пробиштип, Свети Николе и екипи од нашите училишта.

За освојување на добри резултати и пласман за бараж за државно првенство ќе ни биде потребна поддршката од нашите сограѓани, затоа повелете, посетете го овој несекојдневен спортски настан.