Подготвителни работи за изградба на спортска сала

Општина Крива Паланка започна со подготвителните работи за изградба на пристапна инфраструктура за почеток на изградбата на спортската сала, изградбата на тениското игралиште и комплетна реконструкција на ракометното игралиште во Крива Паланка.

Со градежните работите за изградба на самите објекти, кои се под покровителство на Агенцијата за млади и спорт, се очекува да се започне во средината на март.