Култирни разлики – подобра интеграција

Општина Крива Паланка аплицираше со проектот Културни разлики-подобра интеграција-побогата Европа во рамките на програмата Европа за граѓаните, мерка 1.1 – Збратимување на градови финансирана од страна на Европската Унија. Доколку проектот биде одобрен Европската Унија ќе партиципира со средства во висина од 5.000 евра. Партнер во реализација на проектот е општината Млава од Република Полска.

Проектот предвидува гостување на претставници од локалната заедница на Општина Млава, предводени од нивниот градоначалник, во периодот 06-10 јуни 2011 година. Во рамките на проектот се предвидени дружења со домаќинот-Крива Паланка, во кои ќе им бидат покажани природните убавини и потенцијали, културните богатства, а ќе бидат организирани и повеќе панел дискусии, работилници и сесии со учество на пошироката заедница од Крива Паланка, на кои ќе се претстават потенцијалите за развој на културен туризам.

Од друга страна, гостите од Млава, како членки на ЕУ, ќе ги изнесат своите искуства од реализација на ЕУ-проекти. Во рамките на проектот е предвидено потпишување на официјален протокол за збратимување на двата града. Имплементацијата на проектот ќе претставува база за креирање на повеќе партнерства од различни субјекти  за понатамошна плодна соработка.