Eлектронско управување на локално ниво

Во насока на развојот на информатичко-комуникациската технологија (ИКТ) на општината Крива Паланка, Одделението за јавни  дејности, економски развој и информатичка технологија своите активности годинава ги насочи кон воведување електронско управување на локално ниво и промоција и развој на ИКТ.

Како што информираа од Единицата на локалната самоуправа (ЕЛС) за електронската општина кон кој се стремат, ќе се овозможи навремени, транспарентни и ефикасни услуги кон граѓаните од страна на општинската администрација. Придобивките од оваа активност се намалување на трошоците во работењето на администрацијата, подобрување на квалитетот на услугите кон граѓаните, спречување на корупцијата и постабилен економски и општествен развој на ЕЛС.

Во опсегот на активностите за ИКТ е имплементацијата на проектот за Географски информативен систем (ГИС) во секторот за урбанизам кој систем ќе се користи за внесување, интегрирање, зачувување, анализа и унапредување на податоци поврзани со локации во просторот.

Со подобрување на ИКТ опремата ќе се овозможи и обезбедување на тајност и заштита на обработката на личните податоци.

Во електронската општина се планира и воведување на е-билтен и е-даноци со кои ќе се овозможи транспарентност во работењето на општинската администрација, а во даночната сфера даночните обврзници ќе можат да ја проверат финансиската картица, пријавени имоти, изготвени решенија, следење на предметот за данок на промет, наследство, подарок и пријавени деловни единици за правните лица.

Со мерката обука на општинската администрација и граѓаните за развојот и примената на ИКТ во кривопаланечката општина предвидени се финансиски средства во висина од 3.105.00 денари.

Крива Паланка, 14 јануари 2011 (МИА)

 

Стратегија за развој на ИКТ 2011-2014

Програма за развој на ИКТ за 2011