Покана за јубилеен концерт на КУЗ „Карпош“

Оваа година КУЗ „Карпош“ го прославува големиот јубилеј, 45 години од своето постоење. Години исполнети со негување на богатата фолклорна традиција во кои играорците го пренесоа македонскиот фолклор во многу земји ширум светот.  По тој повод КУЗ „Карпош“ Ве поканува  на концерт што ќе се одржи во НУ Центар за култура на 01.12.2017 (петок) со почеток во 18 часот.

Покрај КУЗ „Карпош“ гости на концертот ќе бидат КУД „ФРА“ од Чачак, Р.Србија, Танцов ансамбл „Пауталија“ од Р.Бугарија, КУД „Љиљан“ од Скопје и КУД „Китка“ од  Драчево.

 

Големина на фонт
Контраст