Можност за искористување на гео-термалните води

Во петок во просториите на Општина Крива Паланка се одржа работна средба со претставници на Геоинжинеринг за можноста за искористување на гео-термалните води на територијата на општина Крива Паланка. На состанокот беа присутни и Ирена Сапурина од Центарот за чиста технологија од Киев, Украина како и проф. д-р Георги Забарни од Институтот за обновливи извори на енергија при Украинската Академија.

На состанокот беше разговарано за изработка на стратешка документација за искористување на гео-термалните води на територијата на општина Крива Паланка, искористувањето на сончевата енергија и енергијата не ветерот како и за можноста за инвестиции и развој на планинскиот туризам.

Големина на фонт
Контраст