Програма и Акционен план за Декада на Ромите

На 07.12.2010 година во Општина Крива Паланка се одржа јавна презентација на работната верзија на Програмата и Акциониот план за имплементација на „Декадата на Ромите 2011-2013 година‘‘. Проектот го спроведува Ромската регионална мрежа на североисточна и источна Македонија „Интелект‘‘ во соработка со Општина Крива Паланка.

Целта на проектот е подобрување на квалитетот на живеење на Ромите од североисточниот и источниот регион на Македонија, преку активно препознавање и вклучување на ромската заедница во процесот на креирање на јавна политика на локално, регионално и национално ниво, опфаќајки ги пред се областите од домување, здравство, образование и вработување.