Активности на проектот „Мојата мала Европа”

Во рамките на Еразмус+ проектот „Мојата мала Европа”, наставници од ООУ „Јоаким Крчовски” од Крива Палана го посетија СУ „Васил Кунчoв” во Враца, Бугарија од 15 до 20 октомври 2017.

Сите претставници од партнерските земји бевме срдечно пречекани со традиционален леб, сол и здравец во училиштето после кое бевме на разгледување на училниците, мензата и спортската сала во училиштето. Имаше многу работни средби на кои  сите се покажаа како одлични соседи на своите соседни земји, претставувајќи ги во  најдобро светло на презентациите кои ги донесовме и покажавме пред сите.

Имавме средба со заменик градоначалникот на општината Враца г-ѓа Петија Долапчиева, каде ги претставивме нашите тимови, нашите земји и нашиот заеднички проект.  

Имавме одлична презентација од страна на Полскиот тим и главниот координатор на проектот од областа на невродидактиката, Агнешка Булинска. Презентацијата беше – “Невродидактика – Нов метод на предавање! или Како да го направиш твојот ум среќен?” на кој присуствуваше и советничката за странски јазици од Враца г-ѓа Розенка Кабатлијска како и многу наставници по странски јазици од градот. Многу корисно за сите наставници кои сакаат да го подобрат својот начин на работа и да бидат поприфатени од своите ученици.

Освен работен дел нашата посета имаше и  забавен дел. Ја посетивме пештерата Леденика која е вклучена во 100 најпознати туристички места во Бугарија. Таа е воедно и најпосетуваната пештера во Бугарија. Уживавме во есенските бои и прекрасната природа на патот назад од пештерата.   

Враца е уште и попознат и како „Градот  на богатстото” бидејќи таму е пронајдено најголемиот ископ на златни и сребрени Тракијски артефакти.   

Домаќините не испратија исто така како што и не дочекаа со традиционални бугарски специјалитети и обичаи.

До следното видување и следните дружења понесовме убави сеќавања од соседна Бугарија и од прекрасниот град во подножјето на стара планина Враца .