Заштитено подрачје на Осоговските Планини

Во петок, Македонското еколошко друштво (МЕД) го презентираше Предлогот за заштитено подрачје на Осоговските Планини во рамките на проектот „Осоговските Планини во Балканскиот зелен појас“.  Претставниците на МЕД истакнаа дека формирањето на заштитено подрачје на Осоговските Планини овозможува промоција на природните вредности и истакнување на потенцијалите за иден одржлив економски развој на регионот.

Осогово ги исполнува сите критериуми за заштитено подрачје и од природен и од социо-економски аспект. Сепак, од интересот на населението ќе зависи дали Осогово ќе ги ужива сите бенефити на едно заштитено подрачје.

Законот за заштита на природата пропишува различни категории на заштитени подрачја. Тоа дава можност за одредување на соодветен тип на заштита во зависност од карактеристиките и потребите на пределот. Токму затоа, проектот „Осоговските Планини во Балканскиот зелен појас“ е насочен кон одредување на природните, но и социо-економските потенцијали на осоговскиот регион со цел да се изнајдат соодветни мерки кои би придонеле за заштита на природните вредности и одржлив развој.

Предлогот за заштитено подрачје на Осоговските Планини