Убедлива победа на кошаркарките

Вчера беше државен празник, но и празник за женската екипа на КК „Крива Паланка“ генерација 95/96. На натпреварот кој го одиграа на домашен терен против екипата на КК „Глобал“ од Скопје славеа убедливо со резултат  122-15.

Доминантноста на теренот беше очигледна, сите девојки се запишаа во листата на стрелци на натпреварот, играта беше на виоско ново во текот на целиот меч. Оваа победа ја зацврсти нивната позиција на табелата и го потврди  местото  во друштвото на четирите најдобри  во Македонија кои ќе разигруваат за медаљи на крајот од сезоната. 

Женската екипа се надоврза на победничкиот ритам на кошаркарите на КК „Крива Паланка“, зашто само 3 дена претходно, генерацијата 97 мажи забележа победа над КК „М З Т“ Аеродром, Скопје.( 82-80).

Претстојниот викнед екипите на кошаркарскиот клуб „Крива Паланка“ ќе одиграат повеќе натпревари, овој пат на гостински терен.