Посета на ученици на Општината

Ученици од трето одделение од ОУ „Јоаким Крчовски“ ја посетија Општината каде се запознаа со работата на Градоначалникот и општинската администрација. Посетата е во рамките на планираните активности кои се во согласност со наставните содржини кои предвидуваат запознавање на учениците со работата на општината, нејзината организација и функционирање.

Учениците одблиску го разгледаа кабинетот на Градоначалникот и му подарија подароци изработени од самите ученици, а потоа продолжија во обиколка на одделенијата во кои работи општинската администрација.