Tрибина за зголемено учество на граѓаните

Зголемено граѓанско учество во процесот на креирање политики и донесување одлуки на локално ниво, беше  целта на трибината што се одржи вечер во Крива Паланка во организација на Граѓанската асоцијација МОСТ од Скопје и локалната самоуправа.

 

Се дебатираше за проектите за комуналната инфраструктура, гасификацијата на градот, изградбата на Градска капела, развој на транзитниот туризам, привлекување на домашни и странски инвеститори, … Беа упатени бројни предлози до општинската администрација за поефикасно и побрзо решавање на проблемите во градот.

Трибината се реализира во рамки на проектот „Одговорна кооперативна и транспарентна локална самоуправа“ кој Граѓанската организација МОСТ од Скопје ја реализира од јануари годинава во шест општини – Крива Паланка, Дебарца, Гостивар, Могила, Штип и Осломеј. Проектот е финансиран преку програмата CIVICA Mobilitas на Швајцарската развојна фондација.

 

Големина на фонт
Контраст