Крива Паланка лидер во афирмација на Денот на Дрвото

Според податоците со кои располага Клубот на денот на дрвото во Крива Паланка, шестата по ред акција Денот на Дрвото, кривопаланчани ја одработија повеќе од успешно и го оправдаа епитетот што со години го носат -светски шампион во засадени дрвца по жител.

Во петок се садеше на предвидената локација во селото Тлминци каде што околу 1350 граѓани и ученици, на површина од 7,5 хектари засадија околу 10.000 багремови садници.

Посебна благодарност  заслужуваат вработените во подрачната единица на Македонски шуми кои освен садниците ги имаа подготвено и дупките со моторни дупчалки во претходните денови, а исто така и во наредните денови ќе продолжат со пошумувањето.

Од страна на Делегациајата што ја сочинуваа претседателот на Клубот на Денот на Дрвото, oпштинскиот координатор, пратеникот во собранието, директори на јавни претпријатија, преставници на локалната самоуправа во придружба на заменик-министерот за инфотматичко општество, д-р Марија Секуловска, ги посетија основните училишта, Јоаким Крчовски, Илинден – Крива Паланка како и подрачните училишта во село Конопница и Мождивњак. При посетата на учениците им беше објаснета целта и значењето на Денот на дрвото.

Во Република Бугарија,  Градоначалникот Арсенчо Алексовски, заедно со Претседателот на Советот на општина Дупница Јавор Тодоров, засади садница во дворот на Гимназијата во збратимената Дупница – Република Бугарија, додека утредента беа засадени уште две садници на влезот во новоизградениот парк Рила, при што на сите советници им беа поделени пригодни беџови од денот на дрвото.

Во Република Србија, Лилјана Стојановска која ја преставуваше Општина Крива Паланка на Саемот за селски туризам, во Крагуевац, заедно со колегите од општина Старо Нагоричане засадија садница промовирајќи го Денот на Дрвото.

Најавата за престојното балканско садење  на планинарите од Србија, Бугарија и Македонија, исто така беше иницирана и огранизирана од Стојанче Величковски, планинарски водач и претседател на Клубот на Денот на дрвото во Крива Паланка. Садниците беа насадени со помош и поддршка на Општина Аеродром спроти влезот на Автобуската Станица, во присуство на маестро Борис Трајанов, спортската легенда Атина Бојаџи и целокупното раководство на Денот на Дрвото. Планинарите потоа продолжија да садат и на Љуботен.  Тој исто така беше иницијатор и ги координираше актвостите на Денот на Дрвото со радиоаматерите на Македонија кои што со специјалниот повикувачки код Z300D, воспоставија над 2500 контакти со над 125 земји во светот, и изведоа три искачувања, две на Водно и едно на врвот Љуботен.

 

Претседател на Клубот на денот на дрвото

Стојанче Величковски