Одлични резултати на КК „Шампион“

На државното првенство за кадети и јуниори што се одржа изминатиот викенд во Скопје, натпрварувачите од Карате клубот „Шампион“ постигнаа одлични резултати. Во категоријата кадети борби над 70 килограми нашиот натпреварувач Борислав Стојковски  стана државен првак во оваа категорија освојувајќи го првото место.

Исто така  Александра Станојковска  го освои третото место во категорија кадети жени над 54 килограми. Со овие постигнати резултати тие влегоа во тесниот избор за влез во репрезентацијата во кадетска конкуренција,  која ќе настапи на Европското првенство во Нови Сад, Србија што ќе се одржи во фебруари 2011 година.