Започнува реконструкцијата на основните училишта

Вчера, Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Арсенчо Алексовски,  оствари работна средба со изведувачите на проектот „Реконструкција на основни училишта во Крива Паланка“. Општината ги направи сите потребни подготовки  и  во најскоро време ќе започне негова имплементација.

Проектот е аплициран во рамките на  програмата ИПА- 2007 Проект за развој на локална инфраструктура, за кој се одобрени средства во висина од 535.774 евра и опфаќа:

Во ОУ Јоаким Крчовски (Партизан): замена на столарија, санација на кровна површина, плафони, електрични инсталации, молерофарбарски работи и греење-котлара.

  • Во ОУ Јоаким Крчовски: замена на столарија и санација на кровна површина.
  • Во ОУ Илинден:санација на подови и кровни површини, замена на столарија и фасадерски работи.
  • Во ОУ Илинден во с. Конопница:санација на подови, плафони, кров, замена на столарија, електрична инсталација, молерофарбарски и фасадерски работи и изведбана влезен хол.
Целта на проектот е создавање на услови за квалитетна настава и исполнување на стандардите и нормите пропишани за училиштата.