Ден на дрвото

Ги повикуваме сите граѓани на 19 ноември 2010 да земат учество во акцијата „Ден на дрвото – Засади ја својата иднина!“ и со засадување на што повеќе садници да придонесат кон унапредување на животната средина. За таа цел ќе биде организиран бесплатен превоз на граѓаните до локациите каде што ќе се пошумува. Граѓаните може да се приклучат на било кој автобус или организирана група и да заминат на било која локација каде што ќе се пошумува.

Во општина Крива Паланка ќе се пошумува м.в. Мрамор.
Превозот е организиран пред градскиот парк во 8 часот и ротирање на 1 час. 

Големина на фонт
Контраст