Успех на КК „Крива Паланка“

„ЕДНО ИМЕ, ЕДЕН ГРАД, ЕДЕН КЛУБ ВО СРЦЕ НОСАМ ЈАС“

Овој слоган беше клуч на успехот кој го постигна  викендов (13.11.2010 ) женската екипа на КК„Крива Паланка“ со победата над екипата на КК„Бест“ од Гевгелија и тоа на гостински терен, со резултат 58 -70. Eкипата од Крива Паланка, силно мотивирана и самоуверена, надминувајќи го претходниот пораз – тргна кон продолжување на сезоната со победа (многу значајна за пласирање на тимот во друштвото на 4 најдобри во групата) .

Енергични, борбени, оставајќи ги срцата  на теренот –  кошаркарките  не дозволија во ниту еден момент да се доведе во прашање исходот на натпреварот, завршувајќи  ги сите 4 периоди во своја корист.Запишувајќи се во листата на стрелци ,сите девојки дадоа значаен допринос во формирањето на конечниот резултат.

Им посакуваме   секој следен натпревар да биде уште подобар.

Браво!

 

 

Големина на фонт
Контраст