Советници од Дупница во посета на Крива Паланка

На ден 05.11.2010г. (петок) во Општина Крива Паланка, се одржа средба помеѓу претставници на Советот на Општина Дупница, Р. Бугарија и советниците на Советот на Општина Крива Паланка, во духот на добрососедството и извонредно добрата соработка помеѓу збратимените општини.  

Дупница  и Крива Паланка во изминатите години реализираа  повеќе  заеднички  иницијативи  и проекти, а соработката помеѓу општините сега се  збогатува и во делот на соработка помеѓу општинските совети.  Работниот дел од средбата се одржа во Салата на Советот на Општина Крива Паланка. Целта на оваа средба е  размена на искуства и заеднички иницијативи во функција на социоекономскиот развој на општините,  посебно во делот на евроинтеграциските процеси на ЕЛС, пат по кој ние допрва чекориме  кој  нашите пријатели го поминаа,  и инивното менторство во овој дел е  драгоцено за општина Крива Паланка.

На оваа прва  средба помеѓу општинските совети присуствуваа  Претседателот на Советот на Општина Дупница, Јавор Тодоров и претседателите на Комисиите при Советот, Лорета Николова, Иван Ибрихимов, Силвија Овчаренска, Емилиј Червилова, Георги Пекливаннски и Елеонора Георгиева вработена во Општина Дупница. Работната средба  ја водеше  Претседателот на Советот на Општина Крива Паланка, Миле Милковски, а присутни беа и советниците  во Советот на Општина Крива Паланка.

На средбата се обрати и Градоначалникот, Арсенчо Алексовски, кој  истакна дека посебно е горд што сме домаќини на оваа  прва средба, работен состанок, која е резултат на исклучително добрата соработка помеѓу двете општини. Меѓу другото напомена  дека во иднина општините планираат да ја продлабочат соработката посебно во делот на економскиот развој и бизнисите,  и да помогнат во градење на мрежи на прекугранични партнерства, со цел да се забрза развојот на општините.  Дупница и Крива Паланка се лидери во  прекуграничната соработка во регионот и можат да послужат како позитивна практика и искуство за другите чинители во прекуграничниот регион – истакна градоначалникот Алексовски.

Во рамките на посетата гостите го посетија Туристичко информативниот центар, СОУ Ѓорче Петров и Манастирот Свети Јоаким Осоговски.