Се одржа „Осоговска староградска вечер“

Староградски песни од Делчево, Крива Паланка, Валандово и Врање, Република Србија, беа дел од програмата на  „Осоговска староградска вечер“ што се одржа  во петок на 07.07.2017 на плоштадот „Карпошово востание“.

– На овој начин и официјално ја отворивме програмата на Кривопаланечко културно лето, а граѓаните можеа да уживаат во звуците на староградските песни кои се пееле низ децениите на градскиет собиранки и останати свечености. Староградските ансамбли и групи ја доловија атмосферата од годините кога ваквите песни беа неизоставен дел од кое било случување, изјави градоначалникот Арсенчо Алексовски.
 
Манифестацијата ја организираат Општина Крива Паланка и Центарот за култура, а настапија „Делчевски еснафи” и женската пејачка група „Ѓурѓа“ од Делчево, „Распеани валандовчани“, староградска група „Извор“ од Врање и ансамблот на староградски песни и музика „Распеани кривопаланчани“.