Деби на КК Крива Паланка во трета лига мажи

На почетокот на новата кошаркарска сезона 2010/2011 кошаркарскиот клуб „Крива Паланка “ направи голем исчекор – покрај стандарното учество во натпреварувањата на младинските категории при КФМ, овојпат со 4 екипи ( 3 машки  и една женска екипа), вистински напредок претставува вклучувањето во повисокиот ранг на натпреварување при Кошаркарската федерација на Македонија, во Третата македонска кошаркарска лига т.е. запишување на Кошаркарскиот клуб„Крива Паланка“, а со самото тоа и на нашиот град на КОШАРКАРСКАТА МАПА НА МАКЕДОНИЈА.

www.basketball.org.mk

Секоја измината година на постоење на КК„Крива Паланка“ е синоним за непрестајна работа, ангажмани, многу одрекувања, пожртвуваност, истрајност…за да сетоа тоа денес биде симбол за скромна, но богата кошаркарска традиција која полека но сигурно станува наше секојдневие и со гордост можеме да кажеме дека КК„Крива Паланка “ ги постави темелите на кошарката во градов. Тимот кој неуморно работи на усовршување и напредок на сите инволвирани во МАГИЧНИОТ СПОРТ  успеа да сплоти многу млади и талентирани кошаркари и направи  напори од оваа сезона да формира и А –тим кој ќе се натпреварува во 3 лига ( мажи) при КФМ (http://www.basketball.org.mk/?ItemID=1E68523092855A44A73C594ED203CC16), се со цел да се искачи на уште едно скалило повисоко во рангот на своите активности.

Викендот што измина се одиграа натпреварите од првото коло на 3 лига (мажи), каде своето деби го имаше и екипата на кошаркарскиот клуб„Крива Паланка“ –  сабота, 30.10.2010 на гостински терен го одигра првиот натпревар сезонава .Екипата од нашиот град гостуваше кај „Феникс“ во салата  Градски Парк, Скопје.Натпреварот изобилуваше со квалитетна игра, многу надмудрувања на паркетот и резултатска неизвесност која траеше се до самиот крај. Конечниот резултат е 80 – 70, во корист на екипата на Феникс, но нашите кошаркари заслужија еден громогласен аплауз за прикажаната игра.

Екипата на „Крива Паланка“ во своте редови брои веќе искусни играчи, но и младинци кои се на прагот да станат големи и реномирани кошаркарски имиња.

Тренер на екипата е Ведран Белешковски.

Борбеност, пожртвуваност и страст за победување го одбележаа  првиот одигран натпревар кој беше неизвесен се до последната минута и  повеќе од сигурно  е дека во понатамошниот тек на сезоната ќе имаме можност да уживаме во одличната игра на нашиот тим за кој сите едногласно навиваме.         

 
Големина на фонт
Контраст