Донација на флејти за оркестарот од Крива Паланка

Градоначалникот на општина Крива Паланка, г-дин Арсенчо Алексовски, донираше четириесет блок-флејти за младите музичари од оркестарот за млади музичари при ООУ „Јоаким Крчовски“.

Оркестарот функционира при музичката паралелка со која раководи професор Лариса Жулина-Митовски, а донацијата им беше врачена денес, на патрон-празникот на ООУ „Јоаким Крчовски“.

-Успесите на младите музички таленти се и наша гордост, бидејќи тие ја промовираат општината на настапите на државни натпревари , но и меѓународни настапи каде успешно се претставуваат и бележат солидни резултати. Овие флејти се мал придонес кон нивниот опус инструменти на кои музицираат и се надградуваат во оваа уметност – рече градоначалникот Арсенчо Алексовски.

Професорката Жулина-Митовски нагласи дека поддршката од општината е континуирана.

-Со овој гест продолжува поддршката за оркестарот од локалната самоуправа на општината, а учениците пак постојано бележат успеси на настапите и ја оправдуваат истата. Во моментот има 54 ученици членови на оркестарот, од четврто до деветто одделение кои свират на флејта, синтисајзер, гитара, металофон. Двајца ученици кои беа наши членови го продолжија музичкото образование во средно музичко училиште „Илија Николовски-Луј“ Скопје, додека еден ученик се запиша во класа гитара во Штип, така што задоволна сум и од интересот на учениците за музика, но и од нивните резултати-рече Жулина-Митовска.

Оркестарот четири години по ред е наградуван на Меѓународниот натпревар „Утринска ѕвезда“ во Банско, Р.Бугарија, на 6-ти мај оркестарот ќе настапи на Регионален натпревар во Куманово, а на 20-ти мај оркестарот ќе настапува во Кавадарци на Државен натпревар .
Оркестарот планира да настапи од 10 – 11-ти јуни на Меѓународниот натпревар „Арт ин Велес “ во Велес.

17951700_946336255509516_6366108487799760821_n 17952787_946336082176200_2873728165873793408_n 18033039_946336028842872_6686205506757068244_n 18033535_946336035509538_8452758665302103761_n 18056878_946336228842852_4254144409030975859_n 18057016_946336032176205_4532184100276903416_n 18057175_946336085509533_2224602486459837177_n

Големина на фонт
Контраст