Петта франкофонска вечер во Крива Паланка

На 31 март 2017 година, во Центарот за култура во Крива Паланка, се одржа петтата франкофонска вечер под мотото “Да зборуваме француски јазик, лесно е”, во организација на директорите, професорите и учениците од ООУ „Јоаким Крчовски” и СОУ „Ѓорче Петров” со подршка на г-дин Арсенчо Алексовски, градоначалник на Општина Крива Паланка.

На настанот присуствуваше амбасадорот на Франција во Република Македонија, Кристијан Тимоние, придружуван од аташето за развој на францускиот јазик Љупка Димова, Елисавета Поповска, претседател на Здружението на професори по француски јазик и Марија Николова, одговорна за Франкофонијата при Министерството за образование и наука.

Амбасадорот имаше средба со градоначалникот на Крива Паланка и ги посети културно-историските споменици и знаменитости.

– Мојот впечаток е дека најдов мал дел франкофонија и Франција во Крива Паланка вечерва. Импресиониран сум од динамиката на претставата која го отсликува и градот со неговата динамика. Го посетив манастирот, се запознав со историјата на градот и се надевам дека со франкофонијата и останатата култура и историја ќе се проектира просперитетна иднина на градот, особено судејќи по потенцијалот на младината – изјави амбасадорот на Франција во РМ, Кристијан Тимоние.

Истакна дека придобивките на Македонија од учество во франкофонското друштво се голем, потенцирајќи дека вкупно 84 земји во светот и над 273 милиони луѓе го говорат францускиот јазик.

– Интересот за учество на учениците во оваа манифестација од година на година е се поголем. Годинава петмина професори и стотина ученции беа активно вклучени во подготовката и реализацијата на настанот, а вечерва околу 500 гости го проследија овој спектакл кој го слави Меѓународнито ден на франкофонијата  -рече професорката по француски јазик, Елена Николовска.

Упати благодарност до останатите колешки кои го подготвија настанот, како и до директорите на училиштето и гимназијата.

– Имавме прекрасен настан, убава вечер која имаше посебна тежина бидејќи амбасадорот не удостои со своето присуство. Учениците ги прикажаа вештините и знаењеата по француски јазикт со кои достојно ја претсавија општината вечерва, а ги претставуваат со гордост и училиштата и градот на бројни натпревари во и надвор од државата освојувајќи награди и признанија за своите знаења -изјави градоначалникот Алексовски.

String could not be parsed as XML