Посета на амбасадорот на Кралството Норвешка

Амбасадорот на Кралството Норвешка во Република Македонија,  г-дин Кјетил Паулсен,  оствари средба со градоначаликот Арсенчо Алексовски. Во рамките на средбата беше остварена и посета на Продавницата за сувенири, која е дел од проектот „Паланечки сувенир“, финансиран од Кралството Норвешка.

 

„Заедничкиот живот на Ромите и Македонците во Крива Паланка“ е уште еден проект кој ќе биде финансиран од Кралството Норвешка. Со проектот е предвидено да се изврши мала реконструкција на салата во Домот на АРМ, каде ќе се инсталира првата постовка на музејот и прва фото-документарна поставка на двете популации.  Дел од средствата за финнсирање на проектот се обезбедени од Министерството за култура.

Амбасадорот по  средбата  со локалните новинари ја  посети  канцаларијата на Норгес Вел во Крива Паланка,  а го  посети и Манастирот Свети Јоаким Осоговски.

Големина на фонт
Контраст