Покана за манифестацијата „Среќна Баба Марта“

ЛУ Градски Музеј-Крива Паланка во соработка со Општина Крива Паланка и Haemus-(Центар за научни истражувања и промоција на културата)-Скопје, на ден 04.03 2017 г.(сабота) со почеток во 12 часот во просториите и дворот на ЛУ Градски Музеј-Крива Паланка ќе се одржат сплет на настани кои во целост ќе ја доволат старата традиција за Баба Марта.

 Манифестацијата ќе започне  со отварање на традиционална меѓународна изложба на мартинки од подрачјата на Македонија, Бугарија и Романија, предавање за значењето на Мартинките и нивната традиција во Македонија ќе го одржи проф. д-р Зоранчо Малинов од Институтот за Фолклор „Марко Цепенков“ од Скопје, работилница за деца -правење на традиционални мартинки и базар на рачни ракотворби од североисточниот регион.

Подарете мартинка за среќа, љубов и здравје.

Со почит,
ЛУ Градски Музеј – Крива Паланка

 

Baba_Marta