Подрачен клуб на Денот на дрвото

Здружението Денот на Дрвото се приклучува кон чествувањето на престојниот празник на Општина Крива Паланка.
Во исто време ги поканува сите љубители на природата и здравата животна средина да дојдат во просториите на Клубот при Агенцијата за вработување во Крива Паланка,  во петок каде што на 8-ми октомври во 10.00 часот и и официјално ќе биде основан подрачниот клуб на Денот на дрвото.

Поканата се однесува до сите граѓани без разлика дали досега имаат пополнето пристапници или не.
За оваа пригода ќе допатуваат маестро Борис Трајанов, Атина Бојаџи, Љубомир Гајдов и други  гости кои со својот авторитет и популарност го градат имиџот на оваа благородна идеја со императивен слоган – Засади ја својата иднина.
Предвидено е престојот на  преставниците на Денот на дрвото да се искористи за средба со градоначалникот на општина Крива Палнка, г-дин Арсенчо Алексовски, како и со преставниците на збратимените општини од Република Бугарија и Република Србија со кои Крива Паланка остварува интензивна соработка.

          Подетални информации може да добиете на e-mail [email protected].

         

Големина на фонт
Контраст