Одржана втората сесија од буџетскиот форумски процес во општина Крива Паланка

Во рамките на планирањето на Буџетот за 2017 година, во организација на Општина Крива Паланка, на 22.11.2016 година (вторник) со почеток во 12:00 часот, во ресторант „Облаче“ се одржа  втората  буџетска форумска сесија.

На Форумот граѓаните со своето партиципативно учество,  дадените предлози и препораки и посочување на приоритетните проекти во нивните населени места,  учествуваа во распределбата на буџетските средства во општината и  креирањето на Буџетот за следната година.

Општина Крива Паланка се  заблагодарува на сите граѓани  кои  активно  се вклучија  во креирањето на Буџетот на Општина Крива Паланка  за 2017 година, а со тоа и го дадода својот  придонес во развојот на локалната заедница.

Транспарентноста во креирањето на Буџетот, Општина Крива Паланка  ја практикува по трет пат, а  со цел да им излезе во пресрет на барањата и потребите на граѓаните за овозможување и создавање на квалитетни услови за живеење.

На форумот присутните ги поздрави Градоначалникот Арсенчо Алексовски, кој истакна дека Форумот е извонреден начин граѓаните да се запознаат со општинскиот буџет и да даваат свои предлози за приоритетните буџетски програми и проекти. Градоначалникот   ги покани присутните  граѓани слободно да предлагаат и ги дадат своите предлози, а општината  сето она што е издражано и во рамки на  можностите ќе се потруди да биде прифатено и да биде дел  од буџетот за следната  година.

Целта на буџетскиот форум е граѓаните да добијат целосен увид во приходите и расходите на општината и со свои предлози да учествуваат во креирањето на општинскиот буџет за 2017 година, во рамките на стратешкиот развоен план и приоритетите за развој на општината за наредната година.

На втората  форумска сесија граѓаните дискутираа и ги  дадоа свои предлози и видувања за 5 буџетски програми за приоритети за развој на општината за 2017 година, кои би можеле да влезат во општинскиот буџет, во зависност од надлежностите на општината, расположивите средства и оправданоста на предлозите.