Aсфалтирање на делот од улица „Кочо Рацин“

Во текот на  изминатите денови Општина Крива Паланка во рамките на програмата за тековно оджување на локални улици и патишта изврши асфалтирањето на делот од улица „Кочо Рацин“ во делот од  спој со улица „Свети Јоаким Осоговски“ кај клучката на влезот на градот каде беа вградени околу 2000 м2 асфалт.

За асфалтирање останува уште еден крак од истоимената улица кој ќе биде завршен во текот на наредните денови.

Градежните активности продолжуваат на уште неколку локации во градот согласно предвидената динамика и временските услови.

Изведувач на градежните работи е градежната фирма Лабино -Трејд од Гостивар.

imag3584-medium imag3566-medium imag3562-medium imag3557-medium