Продолжува проектот за создавање можности за вработување на младите од руралните средини

Во општина Крива Паланка започна со работа и втората група на практиканти во ,,Работниот клуб‘‘ во рамки на проектот кој се спроведува од Центарот за економски анализи ЦЕА и Федерацијата на фармери на Р.Македонија, финансиран од програмата на ИПА-Развој на човечки ресурси на Европската Унија.

Доколку сте невработени,на возраст од 20-39 години ги имате следните можности:

  • Бесплатни обуки
  • Практикантска работа во компанија од регионот
  • Практикантска работа во локален Работен клуб

Заинтересираните невработени лица имаат можност да ги подобрат своите практични вештини преку неколку месечна платена пракса во локална компанија и да ги зголемат своите меки вештини преку посета на работните клубови во Крива Паланка, Липково и Старо Нагоричане.

Може да се аплицира  за во работни клубови и компании на http://cea.org.mk/oglas-za-prijavuvane-za-praktikantska-rabota-za-mladi-nevraboteni-od-severoistochen-planski-region/
и апликацијата да се испрати на e-mail: ruralyouth2016@gmail.com.

Контакт телефон: 078-360-385.

За условите за вклучување на проектот преку овие компоненти,посетете го нашиот профил на facebook:https://www.facebook.com/sozdavanjemoznosti/.

sam_1165-medium sam_1166-medium