Асфалтиран дел од локалниот пат од Ловечка куќа до Езерце

Во текот на денешниот ден завршува асфалтирањето на два километри локален  пат  како дел од проектот  за изградба  на општински пристапен пат од Ловечка куќа до Езерце (Калин Камен). Должината на целокупниот пат од постојниот асфалт до месноста  Езерце-Калин Камен согласно основниот проект изнесува 3 км и 104 метри од кои 2 км се завршени.

Патот е со широчина на  планумот од 5 метри од кои асфалтот  е со широчина од  3.5 метри  и две банкини по целата должина  од 0.75 метри. На неколку места се поставени бетонски цевки заради одводнување, а по целата должина е ископан канал за одводнување.

Изведувач на градежните работи е градежната фирма „Цвет“ од Скопје.

[embpicasa id=”6337601355591620417″]

 

Големина на фонт
Контраст