Асфалтирање на игралиштето на Основното училиште „Јоаким Крчовски“

Општина Крива Паланка во рамките на Програмата за тековно одржување на локални улици и патишта за 2016 година, а по претходна Одлука на Совет на Општина Крива Паланка, на 1 октомври 2016 година изврши асфалтирање на  игралиштето во рамките на дворот на  Основното училиште „Јоаким Крчовски“. Асфалтирана е површина од 520 м2, а  игралиштето го користи училиштето за изведување на часовите по физичко воспитување.

Изведувач на градежните работи е градежната фирма „Лабино – Трејд“ од Гостивар. Градежните активности продолжуваат и во текот на наредните денови согласно предвидената динамика и временските услови.

image-0-02-05-6611ebb822f90f07460860a22d0337021ab6071c9daab2087d10c539b0bd5364-v-medium image-0-02-05-7aa08d666e880c719ab50ce67c684840bc9286f2b3ba0f5c17104233874fae4d-v-medium image-0-02-05-00e22e831cde99317f4f5423b23ebd2f59ec3d77fedb3c41bdcd0748a2f9b085-v-medium imag3457-medium

Големина на фонт
Контраст